
Биана Шус е основана 1993 год. и е пионер во чевларската индустрија на Р.Македонија. Основна дејност на претпријатието е производство на женски чевли за секојдневни прилики и специјални вечерни пригоди. Тимот на Биана Шус постојано работи во чекор со времето и трендовите, тоа го докажува и препознатливоста на брендот Биана Шус женски чевли на домашниот и странски пазар.
Биана има 50 висококвалификувани, стручно оспособени вработени лица и дизајнери. Колекцијата на Биана Шус е изработена од високо квалитетни материјали, овозможувајќи удобност и комфорност во движењето. Моделите на Биана Шус нудат многу бои и дезени. Можете да одберете салонки, затворени сандали, чевли, чизми. На висока потпетица или сосема рамни.
Ви стоиме на располагање за дополнителни информации и се надеваме на долгорочна деловна соработка со Вас.
Традиција
Чевларството во Куманово има богата и долга традиција која датира од 19-от век. Пробивајќи се како еден од карактеристичните занаети на ова поднебје, чевларството во денешно време претставува значајна стопанска гранка во Куманово. Синоним за квалитетни чевли, а истовремено и генератор на стручни и креативни кадри во чевларството беше Фабриката ЧИК, препознатлива како Универзитет за чевларството на Балканските простори. Токму тие луѓе ја продолжија успешната чевларска традиција и по затварањето на фабриката. Благодарение на нивното знаење, упорност и креативност, во денешно време се формирани повеќе приватни компании во оваа дејност, со што во Куманово чевларството доживува нов подем.
