Колекции

ПролетЛето

ЕсенЗима

bianashoes@yahoo.com
ул. 100 бр. 70A, Куманово
Тел. +38931475590
Факс: +38931475595

Традиција

tradicija

Чевларството во Куманово има богата и долга традиција која датира од 19-от век. Пробивајќи се како еден од карактеристичните занаети на ова поднебје, чевларството во денешно време претставува значајна стопанска гранка во Куманово.

Синоним за квалитетни чевли, а истовремено и генератор на стручни и креативни кадри во чевларството беше Фабриката ЧИК, препознатлива како Универзитет за чевларството на Балканските простори. Токму тие луѓе ја продолжија успешната чевларска традиција и по затварањето на фабриката. Благодарение на нивното знаење, упорност и креативност, во денешно време се формирани повеќе приватни компании во оваа дејност, со што во Куманово чевларството доживува нов подем.