Капацитети
Биана Шус располага со 3 моделари. Таму е почетокот на брендот Биана Шус од дизајн на женските чевли па се до развој на комплет шаблони за производство. Типичните препознатливи стилови се елеганција, спорт и класика. Нашите креатори секогаш се во тек со последните модни трендови истовремено оставајќи свој креативен печат.
Производниот капацитет изнесува 800 - 1000 пара чевли дневно, што претставува 30-40% од вкупниот капацитет. Биана Шус е опремена со квалитетен машински парк од германско и италијанско производство. Се користат репроматеријали од грчко и италијанско потекло, со висок квалитет.